Режисерите
Тамара
Котевска
и
Љубомир
Стефанов,
како
и
продуцентот
и
монтажер
на
македонскиот
документарен
филм
„Медена
Земја“,
Атанас
Георгиев,
се
поканети
да
бидат
членови
на
Американската
академија
за
филмски
уметности
и
науки.

Академијата
ја
доделува
Оскар,
најпрестижната
филмска
награда
во
светот.

Во
„Класата
2020
година“
Академијата
покани
вкупно
819
филмски
професионалци
за
нови
членови.
Оние
кои
ќе
го
прифатат
членството
ќе
имаат
можност
да
гласаат
во
изборот
на
следните
добитници
за
наградата
Оскар.


Академијата
е
пресреќна
што
може
да
ги
покани
овие
успешни
колеги
патници
во
филмските
уметности
и
науки.
Ние
секогаш
со
отворени
раце
го
прифаќаме
извонредниот
талент
кој
ја
отсликува
богатата
разноликост
во
нашата
глобална
филмска
заедница,
никогаш
повеќе
од
сега

рекол
претседателот
на
Академијата,
Давид
Рубин.

Церемонијата
на
свеченото
доделување
на
Оскарите
е
закажана
за
25
април
2021
во
Лос
Анџелес.
Поместена
е
за
два
месеца
подоцна
од
вообичаениот
термин,
поради
пандемијата
на
коронавирусот.

Документарецот
„Медена
земја

кој
лани
беше
номиниран
за
Оскар
во
категориите
најдобар
документарец
и
најдобар
интернационален
филм
и
со
тоа
испиша
историја
во
македонската
кинематографија,
раскажува
приказна
за
Атиџе,
последната
жена-одгледувач
на
диви
пчели
во
Европа,
која
живее
сама
со
својата
мајка
во
централна
Македонија.
Главна
идеја
на
филмот
е
да
се
прикаже
припадноста
на
човекот
кон
природата
и
нарушување
на
природната
рамнотежа
преку
судир
на
два
различни
начина
на
искористување
на
Земјините
ресурси.