Оркестарот
на
Филхармонијата
вечер
ќе
одржи
концерт
насловен
„Поле
за
игра“
на
кој
како
солист
ќе
настапи
виолинистката
Ајман
Мусахоџаева
од
Казахстан.
Диригент
е
Сашо
Татарчевски,
а
на
програмата
се
концертот
за
виолина
и
оркестар
од
Менделсон
и
Симфонијата
број
96
„Чудо“
од
Хајдн.

Виолинистката
Мусахоџаева,
како
што
информираат
од
Филхармонијата,
е
на
листата
на
исклучителни
музичари
на
20
-тиот
век,
која
ја
направи
енциклопедијата
на
Универзитетот
во
Кембриџ,
а
од
биографскиот
центар
на
овој
угледен
универзитет
таа
ја
доби
и
титулата
„Интернационален
уметник
за
2003
година“.
Мусахоџаева
е
и
„Уметник
на
мирот“
на
УНЕСКО,
а
наградена
е
од
претседателот
на
Италија
и
од
Ватикан
за
своите
уметнички
достигнувања.

Соработувала
со
музичари
како
Миша
Мајски,
Бруно
Канино,
Виктор
Третјаков,
Владимир
Спиваков
и
многу
други.
Зад
себе
има
неколку
ЦД-а,
меѓу
кои
и
за
„Дојче
грамофон“
со
пијанистот
Павел
Гиљов,
и
со
Виенската
филхармонија.
Како
солистка
настапувала
со
Виенската
филхармонија,
Ројал
симфони
оркестра,
Синфонико
ди
Рома,
Националниот
симфониски
оркестар
на
Русија,
Европскиот
симфониски
оркестар
и
други
ансамбли
под
диригентската
палка
на
Владимир
Федосејев,
Валери
Гергиев,
Владимир
Ашкенази,
Михаил
Плетнев,
Пол
Коган,
Владимир
Пиаваков,
Михаил
Јуровски,
Фуат
Мансуров
и
други.

Таа
свири
на
виолина
„Страдивариус“
од
1732
година.