На македонскиот сликар и карикатурист Мице Јанкуловски синоќа свечено му беше доделена големата награда „Лоренцо ил Магнифико“ за животно остварување на престижното Фиренца Биенале 2019 г.

На церемонијата на доделувањето на наградата присуствуваа и зедоа збор за творештвот на Јанкуловски: проф. Манос Стефанидис, Грција – уметнички критичар и публицист  , Мати Грунберг, Израел – уметник (скулптор) колега и пријател, Роберт Алаѓозовски – национален координатор за развој на културата и меѓународната соработка на Македонија ,  Александар Наумовски – градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Скопје – каде Јанкуловски живее .

Големиот медал „Лоренцо ил Магнифико“ на Мице Јанкуловски му го доделија основачите не Биеналето Пасквале и Пјеро Челона, а мотивацијата за доделената награда ја образложи Мелани Зеферино, куратор на Фиренца Биенале 2019.