Лејла
Сабит


 
-Во
книгата
и
на
изложбата
имаме
фотографии
сликани
по
цел
свет

88
слики
од
Индија,
Њујорк,
Виетнам,
Русија,
Македонија,
Тајван,
Куба,
Турција,
Црна
Гора,
Тексас…
и
сите
тие
се
некаде
таму

не
само
географски,
туку
и
визуелно,
сите
тие
се
на
друго
место,
не
се
дел
од
нас,
ги
гледаме
од
надвор
како
набљудувач
со
насмевка.
Таму
не
е
тука
и
затоа
е
и
убаво
и
страшно,
вели
за
„Независен“ 
Милчо
Манчевски,
нашиот
најнаградуван
режисер
кој
живее
и
предава
на
релација
Њујорк-Скопје,
пред
утрешната
изложба
на
фотографии
и
промоција
на
книга
од
изложбата
„Таму“
во
Музејот
на
современа
уметност
во
Скопје.
На
гала-настанот
 кој
го
надградува
и
го
проширува
досегашниот
опус
на
фотографски
дела
на
Манчевски,
„Улица“
и
„Пет
капки
сон“
се
очекуваат
бројни
гости
од
политичкиот
и
културниот
живот
на
земјата
како
на
секоја
негова
филмска
премиера.

Иако
студира
Историја
на
уметноста
и
археологија 
на
УКИМ
во
Скопје,Манчевски
како
американски
стипендист
во
1982
година
дипломира
на
факултетот
за
филм
и фотографија
во
Карбондејл,
Илиноис.

Додека
деновиве
во
Тирана
и
во
Софија
го
промовира
последниот
филм
„Врба“
нашиот
славен
режисер
ни
одговори
и
која
е
магијата
на
фотографијата,
зошто
фотографии
од
улица,
а
не
од
монденско
место
и
дали
сака
да
се
фотографира
и
да
го
фотографираат 
него.


Вие
сте
филмски
режисер,
би
можеле
да
бидете
и
писател
ама
се
одлучивте
за
фотографија.
Што
ве
привлече
кон
фотографијата?

-Ме
привлече
тоа
што
е
инстантна,
спонтана
и
експлозивна.
Прегратката
на
приказната
и
ликовното
скаменети
во
вечен
миг.
Ме
привлече
и
тоа
што
фотографијата
се
слика
со
затворена
уста

не
мораш
ништо
да
објаснуваш.
Работиш
по
интуиција,
а
интуицијата
е
поблиска
до
уметничкото
создавање
од
планирањето.
Друга
работа
што
ме
привлече
е
тоа
што
кај
фотографија
не
мораш
да
имаш
приказна,
а
во
филм
(освен
ако
не
е
во
прашање
експериментален
филм)
мораш
да
имаш
приказна,
роб
си
на
наративното.


Има
ли
разлика
меѓу
снимање
филм
и
фотографирање?

-Огромна. 
Реков
дека
сликаш
со
затворена
уста,
често
пати
и
самиот
не
знаеш
точно
што
сликаш.
Од
друга
страна,
кога
правиш
филм
им
објаснуваш
на
сите

од
финансиери
и
продуценти,
до
глумци
и
камермани
и
монтажери
и
композитори,
па
на
крај
и
на
критичари.
Мобилноста
на
уметнчката
фотографија
во
споредба
со
филмот
е
жива
благодет.


Што
е
за
вас
добра
фотографија?

-Фотографија
што
сакам
да
ја
гледам
повторно
и
повторно,
слика
што
ме
радува
поради
сликата
сама,
а
не
поради
содржината.


Зошто
фотографии
од
улица,
а
не
од
монденско
место
?

-Монденското
место
е
лицемерно
и
здодевно;
улицата
е
полна
живот,
радост
и
трагедија.


Која
е
бојата
што
ги
дефинира
вашите
фотографии? 

-Сите
бои.
Ќе
видите
на
изложбата
и
во
книгата

сите
ги
има.


Приказните
што
ни
ги
раскажувате
преку
филмовите
секогаш
се
фокусирани
на
луѓето,
без
разлика
кои
се
и
од
каде
доаѓаат,
дали
се
ангели
или
ѓаволи.
И
на
вашите
фотографии,
луѓето
се
во
фокусот. 
Кои
моменти
од
човечката
природа
сакавте
да
го
„уловите“
со
објективот?

-Не
бирам
кои
моменти

ги
сликам
оние
моменти
што
улицата
и
луѓето
ги
нудат.
Јас
сум
тука
да
им
бидам
на
услуга,
и
да
ги
артикулирам
визуелно.
Немам
агенда,
едноставно
го
земам
фотоапаратот
секој
ден
и
шпартам
по
улиците,
каде
и
да
сум
во
светот.


Со
каква
опрема
фотографирате?
Дали
е
и
тоа
пресудно
за
успешна
фотографија?

-Мислам
дека
нема
врска
со
што
сликате,
важно
е
да
имате
око,
мозок,
срце,
а
не
голем
апарат.
Често
пати
се
зборува
до
бесвест
за
технички
перформанси
кога
нема
што
да
се
каже
за
она
то
е
пред
објективот.
Јас
сликам
со
обичен
Сони
дигитален
идиот.
Единствена
отстапка
на
техниките
перформанси
е
тоа
што
сликам
и
во
JPEG
и
во
ARW
(RAW)
формат.
Инаку,
никогаш
не
ги
сечам
моите
фотографии,
ниту
користам
филтри
или
фотошоп
во
пост-продукцијата.
Работам
минимални
колор
корекции.
Она
што
го
гледате
на
слика,
тоа
било
и
на
улицата.
Затоа
и
ги
пласирав
хештаговите
#nocropnophotoshop
и
#никропнифотошоп.


Како
гледате
на
селфито
?
Како
реалност
или
нужно
зло?

-Нарцизам.


Дали
вие
лично
сакате
да
се
фотографирате
и
да
ве
фотографираат?

-Не
сакам
ни
најмалку,
ама
го
прифаќам
како
дел
од
професионалните
обврски.
Повеќе
сакам
да
си
сликам
молкум
и
да
уживам
во
уловеното.