Три
години
по
светската
премиера
во
2017,
претпоследниот
филм
на
Милчо
Манчевски
„Бикини
Мун“
неделава
беше
прикажан
на
фестивалот
во
Нанси, 
селектиран
во
најпрестижната
категорија
„Под
ѕвездите“,
што
воедно
беше
и
француската
премиера
на
филмот.

Како
што
соопшти
продукцијата
„Банана
филм“,
во
Нанси
беа
организирани
две
проекции,
масовно
посетени
од
француската
публика.

Фестивалот
во
Нанси
четврти
пат
селектира
дело
од
Манчевски

пред
„Бикини
Мун“
на
овој
фестивал
беа
прикажувани
и 
„Пред
дождот“,
„Мајки“,
како
и
краткометражниот
филм
„Крајот
на
времето“.

Нанси
е
еден
од
најголемите
филмски
фестивали
во
регионот
Гранд
Ест
(Источна
Франција),
се
одржува
од
28
август
до
6
септември
со
вкупно
130
краткометражни
и
долгометражни
филмови
и
над
сто
проекции.
Фестивалот
се
одржа
со
физичко
присуство
на
публиката
и
со
почитување
на
мерките
за
заштита
од
КОВИД-19.

Исто
така,
„Бикини
Мун“
забележа
успех
и
во
САД,
откако
месецов
стана
достапен
и
на
националната
кабелска
мрежа
AMC
во
сите
држави
во
САД.

Истовремено,
како
што
наведува
продукцијата,
најновиот
филм
на
Манчевски
„Врба“
ја
продолжува
фестивалската
турнеја

на
24
август
премиерно
беше
прикажан
во
Кина, 
во
официјалната
селекција
на
фестивалот
во
Пекинг.

-Влезниците
за
проекциите
на
филмот
беа
однапред
распродадени,
а
самиот
филм
доби
медиумско
внимание
со
позитивни
оценки
и
од
критиката,
и
од
гледачите.
Една
од
критиките
го
опишува
филмот
како:
„Тажен
и
длабок.
Генијалната
комбинација
на
теми
од
три
епохи
ги
покажува
емпатичните
емоции
на
режисерот“,
соопшти
продукцијата
„Банана
филм“
за
одгласите
за
„Врба“
по
прикажувањето
на
филмскиот
фестивал
во
Пекинг. 
Тој
е
меѓу
најголемите
и
најзначајните
во
Кина
и
заедно
со
фестивалите
во
Шангај,
Тајпеј
и
Хонгконг
е
еден
од
најзначајните
во
источна
Азија.