VENKO
ANDONOVSKI
NEDELJA
VRHUNSKE
KNJIZEVNOSTI
DOM
OMLADINE
BEOGRADA
28.06.2018.
FOTO
Stanislav
Milojkovic

Писателот
Венко
Андоновски
е
автор
на
драмскиот
текст
„Изрешетани
души“
според
кој
годинава
во
Србија
ќе
биде
изведен
традиционалниот
сценски
настан
„Големиот
школски
час“.
Се
работи
за
државна
манифестација
посветена
на
стреланите
3500
работници
и
ученици
во
Крагуевац,
на
21
октомври
1941
година.

Театарскиот
настан
ќе
го
режира
Јана
Маричиќ,
а
улогите
ќе
ги
толкуваат
еминентни
српски
актери.
Како
и
секоја
година, 
директно
ќе
се
пренесува
на
Српската
телевизија
на
21
октомври,
кој
е
прогласен
за
државен
празник.
На
тој
ден,
на
Големиот
школски
час,
во
паркот
Шумарице,
каде
што
било
извршено
стрелањето,
присуствуваат
повеќе
илјади
луѓе
и
државниот
врв
на
Србија.

Драмскиот
текст
на
Андоновски
ќе
биде
печатен
на
српски
јазик,
како
дел
од
повеќетомната
едиција
„Голем
школски
час“,
заедно
со
другите
автори
кои
пишувале
на
оваа
тема.

Сценарио
за
„Големиот
школски
час“
во
изминатите
50
години
пишувале,
меѓу
другите, 
Душан
Радовиќ,
Десанка
Максимовиќ,
Милован
Витезовиќ,
Љубивое
Ршумовиќ,
Мира
Алечковиќ,
Бранко
В.
Радичевиќ,
Драган
Данилов,
Видосав
Стевановиќ,
Оскар
Давичо,
Јуре
Каштелан,
Јеврем
Брковиќ,
Ричард
Бернс
од
Англија,
Андреј
Базилевски
од
Русија,
Ана
Сантоликуидо
од
Италија.