ЈЗУ „Европа“ во режија на Кристина Атанасова Арсова, е првата премиера на Народен театар Штип годинава. Предпремиерно, театарската екипа одржа прес конференција. Новата претстава , според актерите, е комедија која води кон смеа до солзи.

Во најновата премиера ЈЗУ „Европа“, која ќе се одигра, денес (12 февруари) со почеток во 20 часот,  играат: Елена Шорова Дербов, Владимир Тулиев и Миле Вратеовски.

Годинава Штипски театар одбележува јубилејни 70 години од своето постоење, а со сопствени сили ќе подготви соодвентни содржини за публиката. Најавени се уште две премиери за возрасни и една претстава за деца. Најмладата публика ќе ужива и во театарскиот фестивал за деца „Малиот принц“, најавуваат ода Народен театар – Штип.