„Љубов и револуција“ е насловен концертот на отворено што Филхармонија во соработка со Град Скопје и Младинскиот културен центар ќе го одржи во Градскиот парк во Скопје.

Концертот за кој аранжаманите ги направи Џијан Емин ќе се одржи на 29 јуни во 21 часот.

Со симфонискиот оркестар ќе настапат и хорот „ПроАрс“ со диригентот Сашо Татарчевски, бенд во состав Александар Поп Христов (гитара), Зоран Костадиновски (гитара), Иван Бејков (бас) и Гоце Стевковски (тапани), а диригент ќе биде Емин.

На програмата се популарни теми од сферата на поп-рок и панк-музиката: „Рејдиохед“, Ник Кејв, „Бисти Бојс“, „Продиџи“, „Нирвана“, „Секс Пистолс“, „Клеш“, Џими Хендрикс, „Ролинг Стоунс“, „Пинк Флојд“, Дејвид Боуви, „Рамштајн“…